Одржување на системи за управување

    Се со цел за поефикасно и поефективно одржување на воведените системи за управување, СИВ Консалт на своите клиенти им нуди услуга на годишно одржување. Годишните интерни проверки се основен предуслов за одредување на објективен доказ дека воведениот систем за управување во организацијата функционира. Доколку организацијата сака сама да го одржува својот систем на управување, мора да има свои обучени – сертифицирани проверувачи (Интерни или Водечки проверувачи). Со ангажирање на надворешни проверувачи, се избегнува можноста за субјективност при интерните проверки, со зголемува контролата на работатa во самата организација, се подобрува развојот на организацијата, објективноста при евентуалните неусогласености е на прво место и се одржува еден континуитет во следењето на системот на управување.

Годишното одржување се состои од:
•    Изработка на годишен план за Интерни проверки
•    Реализација на интерна проверка
•    Одредување на неусогласеност
•    Одредување на мерка за корекција и корективна мерка
•    Следливост на реализација на корективната мерка
•     Препораки за подобрување на системот
•    Одржување на преиспитување на системот од страна на врвното раководство.

Дури 90% од нашите клиенти (приватни организации и јавни институции) имаат доверба во нас и ни ја доверија работа за да се грижиме за ефективно и ефикасно функционирање на нивниот систем за управување.